Шакира сподели видео-упатство како се игра латински танц и го „урна“ Инстаграм (ВИДЕО)

После огромниот успех на Супербол, пејачката сподели водич со кој ги учи своите фанови на чекорите на латинскиот танц. Видеото веднаш стана хит. 

Сензуален, секси, ангажиран, таков е латинскиот танц. А, таков беше и настапот на Шакира на полувремено на Супербол.

Колумбиската пејачка ја воодушеви публиката со движењето на колковите на нотите на нејзините најпознати хитови. Ќе се согласите, нели, Шакира не е само глас и музика, туку и танц и енергија.

За да ги израдува фановите, ѕвездата на својот профил на Инстаграм објави упатство за изведување на латински танц, поточно на традиционалниот колумбиски танц, со кој, всушност, се претстави на Супербол.

Со асистентка – експерт за латински танц, односно кампета, пејачката покажува, чекор по чекор, како треба да се движи телото следејќи ја музиката. Лекција број еден: танцувајте со врвовите на прстите. Потоа следува движење со колковите, скокнете и координирајте се со помош на рацете. Не е лесно, се разбира. А и после една минута танц, ќе го загубите здивот.  Но, Шакира уверува: „Многу е возбудливо“.

Видеото москавично брзо го заобиколи светот и резултираше со 6,3 милиони прегледи. До тој степен е голема посетеноста што музичката дива објави уште едно видео:

„Режисери, продуценти, сниматели … сите учат да танцуваат кампета!“. И оваа објава собира дури 2,1 милиони прегледи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот