Шакира прозборе за здравствените проблеми: На сите им беше тешко да ме поднесуваат (ФОТО)

Instagram

Колумбиската пејачка Шакира пред две години поради здравствени потешкотии мораше да ги откаже концертите во Келн, Германија. Потоа ги откажа и концертите во Париз, Амстердам и Антверп и на крајот сите 17 закажани во склоп на европската турнеја. На сите им беше јасно дека со неа се случува нешто сериозно.

Поради проблеми со здравјето, кога десната гласна жица поради оштетување на пробите почнала дури и да ѝ крвари, Шакира паднала во депресија. Што сè се случувало во тој тежок период од животот раскажала за „Гардијан“.

Instagram

„Пеењето е тоа што сум. Тоа е мојот идентитет. Бев толку на дното поради болеста на гласните жици што имаше денови кога не можев да станам од креветот. Бев во депресија. Тоа лошо влијаеше и на мојот семеен живот“, рекла Шакира.

Во тоа време со нејзиниот сопруг, Жерард Пике и со децата комуницирала само со гласовен јазик бидејќи не можела да зборува.

„Не бев позитивна личност во тоа време, напротив, бев депресивна. На сите им беше тешко да ме поднесуваат. Жерард го виде најлошото од мене“, рекла искремно.

Шакира ги игнорирала препораките на докторите дека мора на операција и се обидела да се излекува по алтернативен пат. Се обидела со хипноза, со медитација, дури и со света вода од Лурд. За среќа, се опоравила по природен пат и на бината се качи во јуни 2018 година. Веќе тогаш јавно рекла дека доживеала еден облик на „религиозно искуство“.

View this post on Instagram

Soy un koala! I’m a koala! Shak

A post shared by Shakira (@shakira) on

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот