Шакира прозборе за борбата со депресијата: Децата не можеа да ме гледаат затоа што не знаеја што ми се случува

epa-efe
Фото: EPA/LAURENT GILLIERON

Латино дивата, Шакира пред четири години имала сериозни проблеми со гласните жици. Ѕвездата прозборе низ што поминувала низ тој тежок период…

Сериозното оштетување на гласните жици, вели таа, ја довело до депресија. Не можела да зборува некое време, па со нејзините деца и партнерот Жерар Пике комуницирале со гестикулации.

Твитер / Принтскрин

Никогаш не мислев дека, од сè во животот, ќе ме напушти мојот глас, кој е толку вкоренет во мојата природа. Тој е мојот идентитет, а невозможноста да пеам беше неподнослива“, изјави Шакира пред неколку години за „Гардијан“.

Таа откри како се чувствувала кога станала депресивна.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Shakira (@shakira)

Беше многу тешко да се биде околу мене, мојот сопруг го поживеа тоа полошо од мене. Неколку дена не можев ниту да станам од креветот затоа што дозволив депресијата да ме обземе. Децата не можеа да ме гледаат затоа што не знаеја што ми се случува“, рече таа.

Лекарите ја советувале да оди на операција на гласните жици, но нејзиниот глас се вратил пред да замине под ножот. Поради проблемите со гласните жици, таа морала да ја одложи турнејата „Ел Дорадо“ за 2018 година, кога целосно се опорави.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот