ВИДЕО | Шакира ја нападнале диви свињи среде Барселона

Фото: Instagram

Поп-пејачката Шакира била жртва на диви свињи додека шетала во паркот со својот осумгодишен син во Барселона.

Колумбиската пејачка тврди дека животните ја нападнале, ѝ ја украле чантата и побегнале во шумата. Шакира успеала да си ја земе чантата, но таа била целосно искината, пишува Би-би -си.

– Погледнете како ме нападнаа дивите свињи во паркот и во каква состојба ми ја оставија торбата. Ја однесоа во шумата, а во неа беше мојот мобилен телефон. Уништија сѐ- рекла пејачката во видеото снимено за социјално мрежи, а потоа му се обратила на својот осумгодишен син Милан: „Милан, кажи ја вистината. Кажи како мајка ти им се спротивстави на дивите свињи“.

Ова не е прв случај на напади на диви свињи во Барселона. Шпанската полиција уште во 2016 година објави дека имала 1.187 повици за диви свињи кои напаѓаат кучиња, го блокираат сообраќајот или истрчуваат пред автомобилите.

Инаку, Шакира е во врска со фудбалерот Жерар Пике од 2010 година. Ги имаат синовите Милан и Саша. Пејачката неретко изјавува во интервјуета дека Пике е извонреден татко кој секогаш е тука за децата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Shakira (@shakira)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Shakira (@shakira)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот