Шакира ги залуде фановите во костимот за капење кој сама го дизајнирала

На својот инстаграм-профил, каде што ја следат 68 милиони фанови, Шакира постави фотографија во костим за капење, со која покажа дека е во топ форма.

„Ова е костим за капење кој сама го дизајнирав, а мојот пријател Бего го направи за мене“, се пофали пејачката со ефектниот костим со реси во светловиолетова боја.

43-годишната Колумбијка позната е по своите облини и витката фигура која ја одржува со напорните танц-тренинзи во кои подеднакво и ужива.

Profimedia

Колумбијката која се одмара на Малдивите во рекордно време доби дури 4 милиони лајкови, а не изостанаа ни комплиментите.

Шакира е навистина сконцентрирана на интензитетот на своите тренинзи – сила, кардио, издржливост, флексибилност. Секогаш во танцот додава некои движења со колковите. Иако таквиот тренинг е суперинтензивен и напорен, таа и понатаму многу се забавува“, објаснува тренерката на Шакира, Ана Каисер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот