Шахтјор моќно до Интер, Севиља за финале против Јунајтед! (ВИДЕО)

фото: facebook.com/EuropaLeague/

Денеска на завршниот турнир во Германија завршија официјално сите четвртфинални натпревари, во полуфиналето од фудбалската Лига Европа се пласираа уште Шахтјор Доњецк и Севиља.

Украинскиот состав доста убедливо со дури 4:1 го елиминираше Базел во Гелзенкирхен, во победничките редови по еднаш во листата на стрелците се запишаа Мораеш, Тајсон, Алан Патрик и Додо, додека на спротивната страна за швајцарскиот претставник стрелаше ван Волфсвинкел.

Во вториот меч Севиља успеа во самиот финиш, поточно во 88 минута од средбата благодарение на Окампос да дојде до минимален триумф против Вулверхемптон (1:0). Премиерлигашот во првото полувреме имаше шанса од пенал да дојде прв во предност, но непрецизен беше Хименез чиј удар го одбрани Боно.

Така, по одигрувањето на вечерашните пресметки се комплетираа полуфиналните двојки, на 16 август од 21.00 часот на стадионот во Келн, екипата на Севиља ќе игра со Манчестер јунајтед, а наредниот ден (17 август) во истиот термин, но на теренот во Дизелдорф, Интер се соочува со Шахтјор Доњецк.

Големото финале за титулата во ЛЕ ќе се одржи на 21 август на стадионот „Рејн Енерги“ во Келн (21.00 часот)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот