Шахта го прекина тренингот во Ф1 (ВИДЕО)

фото: F1.com

Отворена шахта е причината за прекинот на првиот слободен тренинг на уличната трка во Баку.

Прво, возачот на Ферари, Шарл Леклер во еден момент со пневматикот помина преку шахтата на улиците низ Баку. Неговиот болид малку ја подотвори шахтата на која веднаш потоа налета возачот на Вилијамс, Џорџ Расел.

Болидот на Вилијамс претрпе големо оштетување поради што организаторите на трката одлучија да го прекинат тренингот.
Уште една комична ситуација се случи неколку минути подоцна, кога камионот кој го пренесуваше оштетениот болид на Расел удри во реклама над патеката.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот