Шахпаска: Заложбите за поголема инклузија на лицата со попреченост се преточуваат во конкретни проекти и програми

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска денеска се сретна со претставниците од Здружението за промоција и развој на инклузивно општество „Инклузива” од Куманово со кои разговараше за активностите и проектите на ова здружение во насока на подобрување на условите и можностите на лицата со попреченост во општествениот живот и меѓусебната соработка со Министерството за труд и социјална политика.

-Како особено важни за процесот на поголема инклузија на лицата со попреченост беа посочени, воспоставувањето на Национален регистар на лица со попреченост, новиот Закон кој Министерството за труд и социјална политика сериозно го подготвува, а се однесува на вработувањето на лицата со попреченост, социјалната услуга поддржано вработување и Комисиите за функционална проценка на нивната работоспособност за да можат да бидат вклучени на пазарот на трудот, се вели во денешното соопштение од Министерството за труд и социјална политика.

Личната асистенција, се додава, е од особено значење на лицата со попреченост и во насока на подобар одговор на нивните потреби соговорниците се согласиле дека е потребно намалување на возрасната граница на корисниците на оваа социјална услуга.

На средбата била потврдија заедничката заложба за соработка и во иднина со цел создавање на добар систем на градење приоритети кои се од клучно значење за лицата со попреченост.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот