Шахпаска за ТВ Тера: За изградба на детската градинка во Битола вложивме еден милион евра

фото МИА

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска во интервју за битолската телевизија Тера, рече дека во изминатите  четири години  отворени се 59 детски градинки, нешто што не може да се спореди со претходната влада.

„За тоа дали некој работи или, пак, не, говорат резултатите. Кога зборувате како политичар, треба да говорите со аргументи но и да го испорачате она за што сте се обраќале во изборната кампања. Пред моите битолчани отворено велам дека за повеќе од десет месеци пуштивме 14 нови градинки, со што опфатот на деца во градинките е зголемен за околу 1000 деца. До крајот на годината ќе отвориме уште 11 градинки. Изградбата на  новата детска градинка во Битола се движи. Согласно договорот треба да биде готова за 16 месеци, што значи дека до година битолчани во близина на училиштето Св. Климент Охридски ќе имаат нова детска градинка за 152 дечиња кои ќе бидат сместени во  осум групи, за деца од 2 до 6 години и јаслени групи. Ова е проект кој целосно е финансиран од Министерството за труд и социјална политика, со околу 56 милиони денари, или приближно околу еден милон евра“, рече Шахпаска.

Министерката во интервјуто за ТВ Тера, посочи дека за четиригодишниот мандат на Владата, низ државата се предвидени нови  7.500 места за деца во градинките. Со проекти во соработка со Светска банка и со УНИЦЕФ се подобрува квалитетот но и професионалните перформанси на вработените во градинките, но се работи и на нивна конструктивност во работа со деца со попреченост. Со цел  подобрување на целокупниот квалитет на предучилишното  образование, како еден од инструментите кои генерираат подготвени деца за влез во основното образование.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот