Шахпаска: Вложуваме во здравствениот систем

Кризата од коронавирусот покажа колку е важно јавното здравство. Пред три години наследивме руиниран здравствен систем со демотивираност и ниски плати на здравствените работници, зголемена смртност кај родилките и новороденчињата, континуиран недостиг од лекови и медицински потрошен материјал, сомнителен квалитет на лекови и инсулини, блокирани сметки на јавните здравствени установи и огромно незадоволство на пациентите од здравствените услуги.Ова денеска го изјави , носителка на кандидатската листа од СДСМ и коалицијата во ИЕ 3.

– За три години инвестиравме многу. Го зголемивме Буџетот на Фондот и Министерството за здравство за 30 отсто, вработивме 780 лекари и 1.000 медицински сестри, ги зголемивме платите и надоместоците на сите здравствени работници до 40 отсто, што никогаш досега не се случило. Ги зголемивме надоместоците за дежурства, ноќен труд и дополнителна работа на здравствените работници. Додатокот за работа ноќе го зголемивме од 29 на 50 отсто, рече Шахпаска.

Таа истакна дека инвестирале во буџетот за ретки болести од 230 на 520 милиони денари, донесени се шест нови лекови за ретки болести, оригинални инсулини и две нови вакцини. -Го зголемивме опфатот со вакцинација со 95 отсто на територијата на целата држава, рече Шахпаска.

Најави дека СДСМ во наредниот мандат ќе се залага за раст на плати на здравствените работници, односно секоја година зголемување на платите до 10 отсто. Сите млади лекари кои се на специјализација и се надвор од Скопје ќе добијат 12.000 денари субвенција за решавање на станбеното прашање. Ќе се зголеми бројот на специјализации. Во следниот период со 33 милиони евра од Светска банка ќе се опремат сите одделенија за интензивна нега со модерна опрема, кревети, респиратори, рентген машини и сите останати потребни апарати за врвна здравствена заштита. Ќе се обезбедат 70 нови возила за итна медицинска помош со три нови пункта на подрачјето на Град Скопје. Ќе почне изградбата на нов, современ Универзитетски клинички центар во Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот