Шахпаска со претставници на УНХЦР: Имавме голема поддршка од ОН при сите бегалски кризи

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска и заменик министерот Енвер Хусејин денес остварија средба со претставникот на УНХЦР за Република Северна Македонија, Моника Сандри и нејзини соработници.

-Имам широка слика за вашето дејствување и за вашата благородна мисија која ја реализирате во мојата земја и затоа ви изразувам огромна благодарност, рече на почетокот на средбата министерката Шахпаска.

Мојата земја, потенцираше Шахпаска, имаше голема поддршка од ОН при сите бегалски кризи во сите изминати години наназад, но успеавме да поминеме низ овие процеси без да се наруши стабилноста на земјата, а истовремено да пружиме помош.

-Заедно покажавме хуманост и солидарност кон луѓето во моментите кога им беше потребна помош, што претставува столб на кој се темели грижата на државата кон сите општествени групи, вклучително и кон децата”, истакна министерката Шахпаска.

На средбата се разговараше и за дополнителните предизвици кои се случуваат заради актуелната пандемија со КОВИД-19, а кои се однесуваат на лицата во прифатните центри, за кои министерката Шахпаска рече дека како надлежно министерство се прави максимум за да се обезбедат сите неопходни услови за пристоен престој на лицата во овие центри.

Соработката на Министерството за труд и социјална политика и УНХЦР датира уште од 1996 година од првиот бегалски бран на бегалците од Босна и Херцеговина. Во изминатиот период УНХЦР даваше огромна поддршка во рамки на градење на капацитетите во институциите кои беа директно во контакт со бегалците и барателите на азил. На средбата беше истакнато дека оваа досегашна соработка ќе се унапредува и понатаму, пред се во јакнење на капацитетите кои би можеле да одговорат на сите идни предизвици.

-Се заложуваме да соработуваме и понатаму и заеднички да ги подобруваме насоките во кои делуваме. МТСП има стратешка координативна улога во процесот на остварување на заедничката агенда и договорените активности со УНХЦР, особено кога зборуваме за актуелниот предизвик за искоренување на проблемот со бездржавјанство на лицата- истакна Сандри.

-Нашите позиции се исти, односно на иста страна сме во желбата и упорноста да се справиме со проблемите со кои се соочувавме во сите кризи досега, кои секогаш се непредвидливи и бараат лидерство при решавањето- рече на крајот од средбата заменик министерот за труд и социјална политика, Енвер Хусејин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот