-4 C
Скопје

Шахпаска со директорите на градинките: Ако ги почитуваме мерките, градинките се безбедни

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска денеска оствари средба со директорите на детските градинки со кои разговараше за предизвиците со кои се соочуваат во време на пандемија, важноста од строгото почитување на Протоколот за превенција и заштита од ширење на вирусот како основен заштитен механизам и други прашања важни за непречено функционирање на детските градинки, соопшти МТСП.

На средбата која заради пандемијата од КОВИД 19 се одржа онлајн и на која учествуваа околу 70 директори, било констатиран дека состојбата во градинките е стабилна како резултат на почитување на мерките за заштита од ширење на вирусот, а потврда за тоа, како што било речено, се и бројките на позитивни случаи на КОВИД 19, на вработени и деца кои не се загрижувачки.

Прочитајте и...  Вучиќ: Вакцините за Северна Македонија се братски потег

-Воспитувањето и образованието на најмладите во општеството, децата е работа која бара голема посветеност и вистинска грижа. Од страна на Министерството ја имате целосната поддршка во работата и продолжуваме заеднички да работиме на решавање на сите предизвици кои произлегуваат од секојдневието и обезбедување на безбеден престој на вработените и децата во градинките. Ако ги почитуваме мерките за заштита од КОВИД 19, обезбедуваме  безбедни  градинки и за вработените и за децата, истакнала министерката Шахпаска.

Соговорниците се согласиле дека ваквиот тип средби и разговори, се од големо значење за сите страни,затоа што овозможува подобра координација во  функционирањето на Јавните установи. 

Поврзани вести

Пензиите повисоки во просек за 185 денари, ќе се исплаќаат од 26 јануари

Слободен печат

Влада: Да се донираат средства за обнова и реконструкција на ГТЦ „Глобал” – Струмица

Слободен печат

ФОТО | Три девојки и три момчиња се фрлија по Светиот крст во Земун: Од ладниот Дунав до крстот прва стигна Ања

Слободен печат

Нови 400 позитивни случаи со ковид-19 во земјава, починаа 11 лица

Слободен печат

Харадинај до Вучиќ: Треба да го признаете Косово за да спречите создавање на „Голема Албанија”

Слободен печат

ВЛАДАТА ПОТВРДИ: Кафулињата и рестораните ќе работат до 21.00 часот, хотелите со редовно работно време

Слободен печат

Остави Коментар