Шахпаска: Се прават финансиски анализи и се прецизираат деталите за породилното отсуство

Шахпаска

Регулирањето на породилното отсуство е дел од новиот системски закон за работни односи, кој во оптимистичка варијанта во првична драфт верзија треба да биде готов во јуни. Се уште се разговара за деталите и се прават потребните финански анализи.

-Едно од поглавјата кое ќе биде решено со овој закон е и она за породолното отсуство. Деталите до крај не сме ги договориле, се уште правиме анализи, но она што претставува новина е периодот на мајчинство кој ќе го користи мајката кое ќе биде нејзино задолжително право, потоа родителство кое би го користеле и таткото и мајката, а разговараме и околу татковско отсуство кое ќе биде многу кратко и ќе биде во траење од десеттина дена, рече министерката за труд Јагода Шахпаска одговарајќи на новинарско прашање.

Средствата кои ќе бидат потребни за зголемување на периодот на породилното отсуство, како што нагласи, МТСП ќе ги иплати до Фондот за здравствено осигурување.

-Ја правиме анализата на финансиска импликација, работната група работи и јас мислам дека првата драфт верзија усогласена со социјалните партнери би била готова до јуни, по што ќе има сериозна општествена дебата за да постигнеме најдобар законски текст кој ќе одговори на потребите на работниците и работодавачите, но и ние како Влада да може да ги исполниме одредбите, наведе Шехпаска.

Од Организацијата на работодавачи велат дека нема да прават пречки доколку станува збор за разумно продолжување на породилното отсуство, кое, како што потенцираат, е усогласување со европската регулатива за усогласување на семејниот живот и работните ангажмани.

-Бидејќи товарот за плаќање на породилното отстуво е на ФЗО може да кажеме баш ни е гајле и двојно да се згоемат месеците на породилно отсуство заради тоа што друг плаќа. Но, во суштина не е така, затоа што има многу нарушен пазар на труд нема работници. Од друга страа треба да мислиме и на кариерата на тие мајки кога ќе се вратат на работа, затоа што поголемо отсуство може да биде пречка во кариерата, рече претседателот на ОРМ Ангел Димитров.

Секретарот на Сојузот на синдикатите на Македонија Златко Цветковски вели дека оваа иницијатива е на ССМ, која, како и предлогот недела да биде неработен ден, е во насока на негувањето на семејните вредности.

-Иницијативата на ССМ е со цел да обезбедиме што поголем период да поминат мајката и детето заедно, а во ситуации кога мајката мора од оправдани причини да замине на работа или не може да се грижи за детето, породилно отсуство да може да добие другиот родител, рече Цветковски.

Тој верува дека на ваков начин ќе се помогне и во зголемување на наталитетот во земјава

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот