Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска денеска информираше дека опаѓа бројот на новозаразени вработени во градинките. Во моментов има само пет деца позитивни на Ковид-19.
-Во последните две недели бројот на нови позитивни вработени во градинките има тренд на опаѓање. Минатата седмица имавме нови 62 позитивни на Ковид-19. Од минатиот петок до сега имаме нови 41 нови позитивни вработени во градинките, што значи имаме пад на бројот на нови позитивни на коронавирус. Во моментов само пет дечиња се позитивни, рече Шахпаска.
Таа нагласи дека се почитуваат протоколите за работа што резултира со намалено ширење на инфекцијата помеѓу децата.