Шахпаска: Продолжуваме со процесот на деинституционализација

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска денеска оствари средба со градоначалникот на Општина Демир Капија, Лазар Петров на која разговараа за тековните и идни планови на општината и меѓусебната соработка.

Како што соопшти Министерството за труд и социјална политика, вложувањето во раниот детски развој преку проширувањето на капацитетите на установите за згрижување на деца од предучилишна возраст со цел поголем опфат на деца, унапредување на стручниот капацитет на вработените во нив, децентрилизираните социјални услуги за кои се потпиша договор и со Општина Демир Капија, биле темите на денешната средба .

Акцент на состанокот бил ставен на трансформацијата на Специјален завод Демир Капија со цел станување на давател на социјални услуги во заедницата согласно потребите на граѓаните од оваа општина. Тоа вклучува и за прв пат кај нас воведување на услугата одмена на семејната грижа , но и помош за нега во домот.

Притоа, соговорниците се согласиле на продолжување на одличната соработка која и досега ја имаат и како особено значајно продолжување на процесот на деинституционализацијата и преселбата на корисниците сместени во Заводот во мали групни домови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот