Шахпаска: Продолжуваме посветено да работиме на унапредување на правата и услугите за лицата со попреченост

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска денеска се сретна со претставници од Националното координативно тело за имплементација на Конвенцијата на ООН за правата на лицата со попреченост во државава.

Министерството за труд и социјална политика, истакнала Шехпаска на средбата, продолжува со имплементацијата на социјалната реформа, унапредување на правата и развојот на социјални услуги за лица со попреченост, а од Буџетот на Министерството за 2021 година најмногу средства се предвидени за социјалните трансфери.

-Денеска потпишавме 10 нови договори за грантови за развој на социјални услуги со општините, а до крајот на годинава имаме уште седум , тоа се вкупно 24 договори за грант, услуги преку кои лицата со попреченост ќе добиваат помош и нега во својот дом, во своето место на живеење. Овој проект продолжува, односно општините кои не аплицирале оваа, можат да го направат следната година, истакна министерката Шахпаска, соопшти МТСП.

На средбата се разговарало и за процесот на деинституционализација, како еден од главните приоритети на Министерството за труд и социјална политика. Преместувањето на лицата со попреченост од гломазните институции во групни домови е процес кој продолжува.

-Како мошне важна од страна на Националното координативно тело беше посочена и функционална проценка и поддршка на деца и млади каде што се применува нов модел на проценка на децата со попреченост-МКФ. Новиот модел овозможува анализа на потенцијалот на детето и што тоа може да постигне, но и кои се пречките во средината кои му создаваат бариери, да го постигне својот целосен потенцијал., соопшти МТСП.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот