Шахпаска: Продолжуваме да ја градиме нашата земја по европски пример, современа инфраструктура за современа држава

Носителката на Изборната единица 3, Јагода Шахпаска денеска од Кратово, како еден од најстарите градови на Балканот, препознатлив по средновековните кули, подземни тунели, мостови и најстарите борови порача, „да си го чуваме старото – историското, но и да си ја градиме и модернизираме државата”.

– За изминативе три години, нашата држава стана едно големо градилиште. Се градеа патишта, водоводни мрежи, канализации, мостови. Но, не застанавме. И во вонредни околности продолживме со капиталните проекти  и тоа со забрзана динамика. Затоа што така и помагаме на економијата во многу важен период, истакна Шахпаска.

Како инвестиции кои моментално се прават во Кратово, таа ги посочи санирањето на  мостот над Кратовска река, каде истовремено се работи и на коловозот и на пешачките патеки, но и реконструкција на пристапниот пат до Центарот за брза помош, а во план е и санирање на свлечиштето на регионалниот пат Кратово – Пробиштип.

– Поврзувањето на селата со градовите со патишта, со соседите преку автопатите и отворањето на гранични премини е  од клучно значење и за граѓаните и за државата. Затоа, продолжуваме да градиме 260 км автопати, 300 км експресни патишта, 900 км локални патишта. А рехабилитираме повеќе од 1.500 км постоечки патни правци, рече Шахпаска.

Како веќе реализиран проект го посочи автопатот Миладиновци-Штип, а патните правци Штип-Радовиш и Штип-Кочани ќе бидат пуштени во употреба во следниот период.

Како дел од новата понуда на СДСМ, Шахпаска ги нагласи капиталните инвестиции во зелена, самоодржлива и енергетски ефикасна иднина, гасификацијата во државата, менување начинот на греење и енергетски ефикасни фасади на   јавните институции, но и  пречистителни станици со цел обезбедување на чиста вода за земјоделските полиња,  како и  градење на регионалните депонии за отпад.

– Наследивме хаос во неплански и недомаќински планови за патишта, трошоци за санирање на штетите, промашени траси, некомплетни проекти. Но, го поправивме тоа и не запираме додека не изградиме современа држава, додаде Шахпаска .

Таа им порача на граѓаните дека СДСМ и коалицијата „Можеме”, можат уште подобро и уште повеќе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот