Шахпаска: Преку Законот за родова еднаквост ја зајакнуваме улогата на жените во секоја сфера на општественото живеење

-Целта на Законот за родова еднаквост е унапредување на родовата еднаквост, преку воспоставување на видливост, зајакнување на улогата на жените во секоја сфера на општественото живеење, како во јавниот, политичкиот и приватниот живот, рамноправен пристап до ресурси и еднакво учество во донесување на одлуки во сите сфери на општествено живеење, нешто што во досегашната пракса не е целосно воспоставено, истакна членката на Комисијата за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска на денешната онлајн трибина „На чекор до нов Закон и нови механизми за родова еднаквост, по повод 8 Март – Меѓународниот ден на жената, во организација на Форум на жени на СДСМ.
Таа потенцираше дека новиот предлог Закон за родова еднаквост и Законот за мобинг, се две сериозни законски решенија кои ги адресираат прашањата од сферата на родовата еднаквост.
Шахпаска истакна дека Законот за родова еднаквост ги дефинира субјектите кои треба да ја вршат неговата имлементација, пред се органите на државна управа, единиците на локалната самоуправа, правните субјекти, како и дека тој треба да биде имплементиран во  сферата на работните односи, пазарот на труд, образованието, науката и спортот, правосудството, социјалната сигурност, здравствената заштита, јавно информирање и медиумите, заштита на животната средина, климатските промени.
-Новина во Предлог законот за родова еднаквост е дека се предвидува формирање на Секретаријат за родова еднаквост како највисоко тело кој ќе има овластување да врши координација и да ја следи работата на институциите и единиците на локалната самоуправа при имплементацијата на законот, посочи Шахпаска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот