Шахпаска: Општина Новаци ја доби својата прва градинка со капацитет за 50 деца, грижата за најмладите е наш приоритет

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска денеска присуствуваше на отворање на новата детска градинка „Бамби“ во Општина Новаци.

– Отворањето на детски градинки во секое катче на државата останува приоритет  и исполнување на изборното ветување на оваа Влада  вградено во владината програма. За нас секое дете е важно, независно од тоа дали живее во големите градови или руралните средини, истакна министерката Шахпаска, која воедно изрази големо задоволство што градинката „Бамби“ е првата градинка која се отвора оваа година и прва градинка која ја добива Општина Новаци.

Таа посочи дека вложувањето во раниот детски развој, претставува врвен приоритет на Министерството за труд и социјална политика затоа што градењето на една млада личност која треба да влезе во системот на образование е многу значајно за нејзиниот понатамошен развој.

– Државата и општината финансиски го поддржаа организирањето и  функционирањето на оваа јавна установа за која беше потребна финансиска конструкција од 9.500.000 денари. Од нив од буџетот на Општина Новаци  и Министерството за труд и социјална политика се издвоени 7.000.000 денари, додека пак 2.500.000 денари, средства обезбедени преку проектот- „Одржливо менаџирање на агро отпадот за загревање на рурални средини-Агрочејн, со што обезбедивме ефикасен и еколошки систем на загревање на градинката, истакна градоначалникот на Општина Новаци, Љубе Кузманоски.

Министерката потенцираше дека Владата на РСМ останува на планираната проекција до крајот на мандатот , до 2024 година, 60% од децата во државата бидат вклучени во процесот на воспитание и образование во предучилишните установи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот