Шахпаска од Кочани: СДСМ ќе продолжи со социјална грижа за граѓаните, наспроти ВМРО-ДПМНЕ кое се грижи за враќање на режимот

Во изминатите неполни три години СДСМ покажа дека вистински се грижи за граѓаните, додека во единаесетте години власт и потоа, ВМРО-ДПМНЕ покажа грижа само за Груевски и неговите соработници, а тоа се години на манипулации, истакна носителката на кандидатската листа од коалицијата „Можеме” во третата изборна единица, Јагода Шахпаска при денешната посета на Кочани.

– За три години, преку социјалната реформа, СДСМ не само што ја зголеми социјалната помош за 300 отсто и воведе детски образовен додаток, туку го прошири и опфатот на деца корисници. Во новиот четиргодишен мандат ќе обезбедиме уште повисока социјална помош за 34 илјади семејства и детски додаток за 65 илјади деца. Исто така, го решивме проблемот со стечајните работници што ВМРО-ДПМНЕ го игнорираше, па денес 12 илјади стечајци добиваат по 8.300 денари месечно, а наскоро ќе добијат и домашна платежна картичка од девет илјади денари, истакна Шахпаска.

Таа додаде дека и во време на кризата поради епидемијата од коронавирусот, СДСМ го продолжил концептот „Парите назад кај граѓаните”.

– За успешноста на концептот говорат 28 милиони евра што ги враќаме назад кај поивеќе од 324 илјади граѓани преку домашната платежна картичка и ваучер за туризам. Картичка со девет илјади денари ќе добијат и пензионерите кои се со пензија под 15 илјади денари, самохраните родители и невработените пасивни баратели на работа. Ги намаливме нотарските и трошоците за извршители, а со отписот на камати на долгови за физички лица избришавме 10 милиони евра како долгови на граѓаните. Дополнително ги намаливме и казните за 75 отсто и воведовме опомена пред казна. Затоа разликата е јасна, СДСМ се грижи за сите граѓани и за враќање на парите кон нив, а ВМРО-ДПМНЕ се грижи само за обнова на режимот и колку што може повеќе пари да им земе на граѓаните, заклучи Шахпаска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот