Шахпаска од Берово: Посветено работиме на подобрување на квалитетот на живот на старите лица

Носителката на листа на пратеници на коалицијата „Можеме” во ИЕ 3, Јагода Шахпаска, денеска во Берово ја  посети Општинската јавна установа за грижа на стари лица  „д-р. Иван Влашки”, каде се сместени 29 стари лица, а во завршна фаза е и реконструкцијата на новото трето крило за зголемување на капацитетните можности за сместување.

Шахпаска информираше дека средствата се обезбедени од локалната власт, Министерството за труд и социјална политика и донација од швајцарската агенција за обнова и развој.

– Тоа е инвестиција во вредност од шест милиони 953 илјади денари. Со новото крило установата ќе се дополни за уште 10 лица, а воедно претставува и можност за нови вработувања на персонал за грижа за стари лица, истакна Шахпаска.

Таа порача дека грижата за старите лица продолжува и во идниот мандат на Влада предводена од СДСМ, во насока на уште поголемо покачување на пензиите, а со цел, како што рече, најниската пензија се зголеми за 21 отсто, односно 10.700 денари

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот