Шахпаска: Нов закон за мобинг и санкции за извршителите на истиот

Граѓаните да излезат на 15 јули, почитувајќи ги сите протоколи и го дадат својот глас затоа што можеме уште повеќе и уште подобро. На 15 јули да ја славиме победата на коалицијата „Можеме!”. Ова вечерва го порача носителката од ИЕ 3 Јагода Шахпаска на граѓанската трибина во Велес.

Таа се осврна на се она што се залагала како пратеник во Собранието во изминатите години –родовата еднаквост, социјалната реформа и реформата во пензискиот систем. -Тоа се три области во кои ние како социјалдемократи направивме историски скок, посочи Шахпаска пред велешани.

– Нов закон за мобинг и санкции за извршителите на истиот, ослободување на жените од стереотипни обврски во семејството и нејзино изедначување во правата и можностите како и мажите, се дел од она кое го нуди Социјалдемократскиот сојуз на Македонија за следниот мандат, рече Шахпаска.

Прочитајте и...  Три дена до завршување на предизборната кампања, „Можеме" и „Обнова" ветуваат дека по 15-ти јули доаѓаат најдобрите четири години

Најави дека во следниот период ќе се зголеми опфатот на деца во градинките за 7.500 деца, ќе се реновираат 43 градинки, ќе има вработување на нови негувателки и воспитувачки. Информира дека ќе продолжи грижата за лицата со попреченост, а до  2021 за 21 отсто ќе се зголеми додатокот за лицата со попреченост.

– Нема да застанеме на 5.000 согласности, 780 вработени доктори и 1.000 сестри, продолжуваме понатаму ги поддржуваме специјализантите со цел да ги задржиме, дома.  Штотуку дипломираните доктори со лиценца добиваат платена работа, истакна Шахпаска.

Пензионерите, како што рече, конечно со доаѓањето на оваа власт го добија и законското усогласување, а во следниот мандат проектиравме  зголемување на минималната пензија за 21 отсто.

Прочитајте и...  ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ не го потпишаа барањето за подобар живот на децата со посебни потреби

-Тука е и социјалната пензија, 6.000 денари кои можеби не се многу, но многу значат за оние кои до  вчера не земале ниту денар, рече Шахпаска.

Прочитај повеќе

Макрон бара катедралата Нотр Дам да биде обновена како што изгледала претходно

Слободен печат

САД формира специјална група за борба против кибер измами

Слободен печат

Турски експерт: Високите температури не го уништуваат коронавирусот

Слободен печат

ПРЕДИЗБОРНИ ВЕТУВАЊА: Старите ветувања за гасификација, за Чебрен и за инспектори во ново руво

Весна Дамчевска

Вработен во прес-службата на Меркел наводно шпинирал за Египет

Слободен печат

Во Калифорнија го оспоруваат решението за странските студентски визи

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Од денес во Италија забранет влез за државјани на 13 земји, на списокот и С. Македонија

Слободен печат

Огненовски од Демократи: Да се врати украденото од народот и да се донесе една изборна единица

Миа Агенција

Во Словенија одобрена апликација за следење на новиот коронавирус

Слободен печат

Северна Кореја: Разговори со САД би му користеле само на Вашингтон

Слободен печат

Стејт департмент: Одобрена продажба на борбени авиони Ф-35 на Јапонија

Слободен печат

Гутереш: Латинска Америка и Карибите се новата „жешка точка” во пандемијата на Ковид-19

Слободен печат