Шахпаска: Не молчете кога е ваш ред да зборувате, секој глас е одлука (ВИДЕО)

Секој од нас е важен. И важно е преземањето чекор и да се учествува во големата одлука. Да не дозволиме да ја прокоцкаме шансата што заедно ја создававме овие три години. Излегувањето на гласање нема да биде ништо поразлично од одењето во маркет, аптека, банка или некоја друга секојдневна активност, рече во изјава за медиумите Јагода Шахпаска носител на ИЕ3.

-Со почитувањето на сите протоколи за заштита на здравјето на граѓаните ,гласањето на 15 јули ќе биде безбедно! Ја бараме вашата поддршка. Го бараме вашиот глас за уште еден мандат. За да ги продолжиме добрите политики. За да продолжиме напред уште побрзо и да не ја испуштиме шансата што заедно ја создадовме за оваа наша убава земја и за нашиот народ. Во моментов нема подобра опција за државата од Заев и СДСМ. Не смее да се ризикува да се врати ВМРО, тоа ќе донесе хаос во државата- рече Шахпаска.

Останувањето дома, значи и враќање на власт на ВМРО-ДПМНЕ и Груевски, потенцираше таа.

-Не гласањето носи ризик да изгубиме се што постигнавме заедно. Не молчете кога е ваш ред да зборувате. Секој глас е одлука. Без твојот глас нема да се оствари она што го очекуваш. Излези и гласај на безбедно гласање. На 15 јули, заокружете го бројот 3 , за коалицијата МОЖЕМЕ, за сигурност, затоа што секој глас за ВМРО-ДПМНЕ е опасност, глас за враќање на режимот- рече Шахпаска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот