Шахпаска на состанок со Синдикатот на Клинички центар: Недела да биде ден за неделен одмор

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска денеска оддржа онлајн состанок со претставници на Синдикатот на Клинички центар, на кој што се разговараше за законското решение недела да биде ден за неделен одмор.

Од страна на Синдикатот беа посочени предлог решенија кои би одговарале на здравството како особено комплексна дејност каде што дежурствата, се регулираат со Законот за здравствена заштита и Колективен договор.

На состанокот стана збор и за неколку други теми во делот на репрезентативноста на Синдикатот, за предлог законското решение на Законот за работни односи, на кој работи работната група во Министерството за труд и социјална политика со Синдикатите, Организацијата на работодавачи, претставници на МОТ и експерти, со кое се предвидува задолжително пензионирање на 64 години и 15 години стаж, а исклучок се дефицитарните кадри како во здравството така и во високото образование.

Соговорниците изразија подготвеност и за понатамошни средби и состаноци за сите прашања кои се во надлежност на Министерството за труд и социјална политика, а ги засегаат вработените во здравството.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот