Шахпаска на конференција на МOТ: Владата ја задржа економската стабилност и спречи губење на работните места

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска преку видеоврска вчеравечер ​се обрати на 109-тата сесија на Меѓународната конференција на трудот (МОТ), што се одржа во Женева, на која ги сподели искуствата на Република Северна Македонија во справувањето со пандемијата Ковид-19 и нејзините последици, што е и во фокусот на годинашната конференција.

Како што соопшти МТСП, Шахпаска ги истакна двата врвни приоритета на Владата во изминатиот период – поддршка на компаниите за зачувување на секое работно место и помош на најранливите категории на граѓани за полесно пребродување на кризата. Притоа потенцираше дека Владата успеа да ја задржи економската стабилност во државата и да спречи губење работни места.

– За таа цел креиравме шест пакети на економски мерки  во консултација со  социјалните партнери. Мерките беа така подготвени да одговорат на суштинските потреби на компаниите, притоа водејќи сметка за почитување на работничките права и грижа за здравјето на работниците. Економско -социјалниот совет, како трипартитно тело составено од претставници на работниците, работодавачите и Владата, беше клучното тело низ кое поминаа,  се доуредија,  шесте пакети мерки вредни една милијарда  двесте и шеесет милиони евра, кои ги насочивме на еден транспарентен и инклузивен начин согласно потребите на работниците и работодавачите, рече Шахпаска во обраќањето.

Меѓународната организација на трудот е единствената трипартитна агенција на Обединетите нации од 1919 година и ги обединува владите, работодавачите и работниците од 187 земји членки.

Главните цели на Меѓународната организација на трудот се промовирање на работничките права, поттикнување пристојни можности за вработување, зајакнување на социјалната заштита и зајакнување на социјалниот дијалог.

-Членството на Република Северна Македонија во МОТ ја потврдува и ја помага заложбата на Владата за градење еднакво општество за сите, почитувајќи ги работничките права и зацврстувајќи го социјалниот дијалог во државата, наведува Министерството за труд и социјана политика.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот