Шахпаска: На 50 лица над 65 години од општините Бутел и Чучер Сандево им е достапна услугата помош и нега во домот

Фото: Министерство за труд и социјална политика

На лицата над 65 години, жители на општините Бутел и Чучер Сандево, од денес им е достапна услугата помош и нега во домот. Ќе се вклучат околу 300 негуватели и 900 корисници, рече министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска.

Од денеска 50 стари лица ќе добиваат помош во извршување на активностите во секојдневниот живот од 25 обучени негуватели. Целта на оваа социјална услуга, која за првпат се воведува кај нас, е да се подобри здравјето на корисникот во неговото семејно окружување. Негувателите ќе бидат задолжени да им помагаат на корисниците во набавката на храна, лекови, чистење во домот, прошетки и слично.

Според градоначалникот на Општина Бутел Велимир Смилевски локалната заедица најдобро ги знае потербите на граѓаните на нејзината територија.

„ Ние сме соседи, познаници, пријатели, секојдневно живееме заедно, во добро и лошо, па ни е полесно да препознаеме како да им се помогне на оние на кои им е најмногу потребна помош. Меѓу нив се и нашите возрасни сограѓани, на кои им е неопходна помош во секојдневните активности “, рече Смилевски.

За негувателката  Драгана Василева, привилегија е да можете со својата работа да му помогнете на оној кому таа помош му е навистина потребна.

„Сигурна сум дека заедно со моите колешки и колеги ќе им овозможиме на возрасните лица полесен и поубав живот, давајќи им ја негата која им е потребна”, рече негувателката Драгана Василева.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот