Шахпаска му помогна на полицаец кој падна на плочникот при откривање на спомен обележје во Берово: Дечкото колабираше, но брзо реагиравме

Припадник на Министерството за внатрешни работи колабираше за време на откривањето на спомен обележјето на четворицата беровски бранители кои учествуваа во воениот конфликт во 2001 година. За време на говорот на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, еден од припадниците на полицијата падна на плочникот при што итно интервенираше министерката Јагода Шахпаска која беше дел од настанот.

Шахпаска која по професија е лекар заедно со уште неколку други лица од беровската Итна помош го освестија младиот полицаец кој најверојатно колабирал поради топлото време.

-Дечкото колабираше но брзо реагиравме, му беше пружена онаа основна помош во вакви ситуации, сето тоа траеше кратка и за среќа полицаецот кратко по колабирањето беше во добра состојба, истакна кратко за случката министерката Шахпаска.

Министерката за труд и  социјална политика во рамки на присуствот на денешниот настан положи цвеќе пред споменикот на четворицата бранители со што им оддаде почит за нивното дело.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот