Шахпаска: Инвестираме во целосно нова градинка која ќе згрижи 57 деца во Општина Сопиште

фото МИА

„Новата градинка има капацитет да згрижи 57 деца кои ќе бидат организирани во три групи, две за деца од 2-6 години, а третата група e за јасли. Министерството за труд и социјална политика  за нејзината изградба и опремување од својот Буџет издвои околу 21 милиони денари. Согласно, направениот увид  на терен градежните работи се во завршна фаза, во моментот се привршува внатрешното уредување, а истовремено се работи и на уредување на дворот“, истакна министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, откако денеска во Општина Сопиште направи увид во градежните работи на новиот објект при  ЈОУГД „Виножито“, втор објект за згрижување на деца од предучилишна возраст во оваа општина. 

Според темпото на движење на  работните активности, детската градинка во Општина Сопиште треба да биде завршена  за најмногу еден месец.

„За нас секое дете е важно, бидејќи колку порано влезе во воспитно образовниот процес, толку поподготвено ќе влезе и во образовниот процес. Заложбата на Министерството и Владата е да изградиме градинки во сите делови на државата и  до завршување на мандатот до 2024 година 60 % од децата од предучилишна возраст, да бидат сместени во градинки. До сега во употреба пуштивме 14 градинки, а до крајот на годината ќе бидат отворени уште 11 нови објекти, еден од нив е и оваа градинка“, рече Шахпаска. 

Новата градинка во Општина Сопиште е самостоен проект на Министерството за труд и социјална политика како дел од Програмата за изградба, опремување и одржување на објекти за детска заштита за 2020 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот