Шахпаска: Еднакви права и рамноправност на жените во сите сегменти во општеството

Обезбедуваме еднакви права и рамноправност на жените во сите сегменти во општеството, изјави Јагода Шахпаска, носителка на листата на коалицјата „Можеме” во ИЕ 3.
– Парламентарното мнозинство на СДСМ и коалицијата донесе нов Закон за спречување и заштита од насилство врз жените и семејно насилство коишто за првпат е целосно усогласен со елементите на истанбулската Истанбулската конвенција. СДСМ вети и оствари, родова еднаквост во партијата, 50-50  застапеност на жените во политиката, тоа го потврдуваат  и двојните носители на листи за претстојните избори. Еднакви права и рамноправност на жените во сите сегменти во општеството, рече Шахшаска.
Таа истакна дека денеска уште една бомба одекна во јавноста во која генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев во разговор со Миле Јанакиевски се заканува дека „ќе и удрел бокс во фаца” на жена од општинскиот комитет.
– Тоа е вистинското. Насилството им е решение за се. Насилство врз жени, насилство врз студенти, насилство врз пратеници и новинари. Повторно, глумењето на лажна загриженост за граѓаните уште еднаш на ВМРО –ДПМНЕ им падна во вода, рече таа.
Таа потенцираше дека огромно лицемерие стои и зад нивниот слоган „Исправи се”, затоа што, како што рече, секојдневно потврдуваат дека зад маската која ја носат стои понижувачки, недоличен, неодговорен однос кон граѓаните, а со последната бомба и демонстрирање на родово насилство.
Шахпаска истакна дека и во своите партиски редови ВМРО-ДПМНЕ не почитува родова еднаквост, а со тоа, посочи таа,  не ги почитува жените, како еднакви и рамноправни на мажите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот