Шахпаска-Ди Џовани: Продолжува успешната соработка со УНИЦЕФ , усогласен и потпишан Планот за соработка 2021 година

Шахпаска-Ди Џовани

Министерката за труд и социјална политика,Јагода Шахпска и претставничката на УНИЦЕФ во нашата држава, Патриција ди Џовани, денеска ја потпишаа Програмата за соработка помеѓу Министерството за труд и социјална политика и УНИЦЕФ за 2021 година, која е дел од Програмата за соработка на УНИЦЕФ со Северна Македонија 2021- 2025 година.

Министерката Шахпаска изрази голема благодарнот за долгогодишната поддршка од страна на УНИЦЕФ во планирањето и имплементацијата на политики од јавен интерес насочени кон градење на инклузивно општество и социјална кохезија.

„Министерството за труд и социјална политика како ресорно министерство во чија надлежност е грижата  за најранливата категорија на граѓани и обезбедување на можности и подобри услови за сите оние кои тоа им е неопходно, оттука и  огромното значење на поддршката која УНИЦЕФ  преку бројни програми и проекти во соработка со нашите институции ја овозможува,“ истакна министерката Шахпаска.

На денешната средба се разговараше и за системот на згрижувањето и отворањето на Центри за поддршка на згрижувачките семејства во Скопје  и Битола, за прв пат во нашата земја, при што од страна на УНИЦЕФ се обезбедува обука за стручни лица,кои ќе работата во нив .

Унапредувањето на  системот  за посвојување кој би бил заснован на принцип на најдобар интерес на детето, проширувањето на социјланите услуги во Дневните центри за лица со попреченост исто така беа теми на кои се разговараше на денешната средба.

Министерката истакна дека изминаите 6 месеци, министерството посветено работи и на зголемување на опфатот на деца во градинките, преку отворање на нови и проширување на постоечките  капацитети,  при што се внимава да бидат опфатени руралните средини, помалите места и онаму каде потребите се зголемени.

Од страна на претставничката на УНИЦЕФ , Патриција ди Џовани беше изразена подготвеност за продолжување на одличната досегашна соработка и идни проекти на кои заеднички со Министерството ќе работат   а се во интерес на сите граѓани во нашаето општество.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот