Шахпаска: Да излеземе и да гласаме безбедно, почитувајќи ги сите протоколи за заштита на здравјето (ВИДЕО)

Јагода Шахпаска

Изминатите четири месеци, од појавата на корона вирусот, се месеци во кои целосно се смени начинот на живот, на функционирање, на работење , на социјалниот живот за сите нас. Четири месеци, државата, здравствените работници и институциите прават се за да го спречат ширењето на опасниот вирус. Се донесоа протоколи со кои се обезбеди повторно враќање во нормала, денешната нова нормала, со чие почитување се заштитуваат граѓаните од негово ширење, речеЈагода Шахпаска, носителка од ИЕ 3 на денешната прес-конференција.

-На тој начин повторно се отворија бизнисите, а животот се нормализира по нови правила. Со почитување на протоколите можеме да пазаруваме, да одиме во угостителски објект, да користиме јавен транспорт, а сепак да останеме заштитени. Институциите, здравствената стручна јавност, подготвија сигурен и ефикасен протокол за заштита на здравјето при гласање, протокол кој обезбедува максимална заштита за гласачите, набљудувачите, членовите на избирачките одбори и сите учесници во изборниот процес. Според овој протокол граѓаните треба да дојдат на гласачкото место со маска која ги покрива и носот и устата, да се избегнува секаков физички контакт, да се држи определена дистанца и да се дезинфицираат рацете и пред и по гласањето- рече таа.

Просториите во кои се гласа ќе бидат проветрувани и дезинфицирани, потенцираше Шахпаска, и ќе биде дозволен влез на граѓани онолку колку што има поставени паравани за гласање.

-Со строгото почитување на овој протокол, граѓаните можат да бидат сигурни дека гласањето е безбедно и за нив и за останатите. Затоа, ве повикувам на 15 јули да излезете и го остварите вашето загарантирано право на глас. Затоа што вашиот глас одлучува во каква земја и каква иднина ќе одберете за вас и за вашите деца. Да излеземе и да гласаме безбедно, почитувајќи ги сите протоколи за заштита на здравјето! Да избереме функционални и легитимни институции кои уште повеќе и уште подобро ќе се грижат за граѓаните- рече таа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот