Шaхпаска: Да ги зачуваме работните места, тоа е наша одговорност

Министерката Шахпаска на своето гостување на „Топ Тема“ на ТВ Телма истакна дека дилемата за пресметката на растот на минималната плата е во  толкувањето на законот.

– Податоците за критериумите ги земаме од Државниот завод за статистика. Процентуалната промена може да биде позитивен или негативен број. Ако ние одевме преку Собранието  за толкување, ќе ни беа потребни минимум 3 месеци, затоа што таква е процедурата, истакна Шахпаска.

Таа посочи дека законот предвидува до крајот на март да биде усогласувањето, во спротивно ако идевме преку Собрание наместо преку ДЗС, немаше да има зголемување на минималната плата.

– Во текот на целата година со носењето на сите пакети со економски мерки сакавме да го задржиме секое работно место. Не сакаме да предизвикаме уште повеќе откази во ова време на пандемија и светска криза, тоа е наша одговорност и ова усогласување ја покажува грижата за работникот на дело, посочи Шахпаска.

Оваа Влада и во услови на пандемија, додаде Шахпаска, покажа дека се грижи за работниците, не случајно се сите 5 пакети, петтиот уште не е изгласан, не е имплементиран. Со таа финансиска инјекција која што беше дозирана и спрема потребите на компаниите, критериумот беше токму бројот на работници да го зачува ист.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот