Шахпаска: 270 корисници чекаат сместување во домови (ВИДЕО)

Фото: Слободен печат

Министерката Шахпаска изјави дека до ноември ќе бидат отворени уште 4 нови групни домови.

Министерката за труд и социјална политика денеска го посети малиот групен дом за  корисници со воспитни проблеми.

– Во овие домови се учат на добрите навики. Голем е придизвикот за децата кои биле запоставени. Тука работат стручни тимови кои се важни за развојот на овие деца. Пред нас има бројка од 270 корисници кои треба да се сместат во групни домови, а до крајот на ноември уште 4 нови групни домови ќе бидат отворени, рече Шахпаска.

Фото: Слободен печат

Нефункционалноста на центрите за социјална работа министерката ја оправда со недоволен кадар.

– Центрите за социјална работа се прво место каде граѓаните бараат помош, постојано контактираме со нив, ги следиме кадровските услови и се обидуваме да ја подобриме работата на ЦСР, додаде Шахпаска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот