Шаховскиот Клуб АЛКАЛОИД стартуваше со победа на Европскиот Клупски Куп 2019

Шахистите на АЛКАЛОИД, успешно стартуваа на годинешниот Европскиот Клупски Куп во Улцињ, Црна Гора. Тие во првото коло, со победите на Шанкланд, Криворучко, Ковалев и Недев извојуваа висока победа од 5:1 против екипата “Echiquier Mosan” од Белгија. Сепак, сериозниот пристап и борбеноста на противниците им донесе две реми партии, кај Андреикин и Инаркиев. Во целина, искуството и повисоката шаховска класа беа доволни за победа, со што шахистите на Алкалоид ја оправдаа улогата на фаворит.

Првото коло помина без изненадувања и во другите мечеви, сите останати фаворити остварија победи: Mednyi Vsadnik St. Petersburg,  AVE Novy Bor – Чешка, Obietivo Risarcimento Padova.

Следен противник на ШК Алкалоид е екипата на “Raika Rapid Feffernitz” од Австрија.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот