Шаховскиот клуб Алкалоид меѓу првите фаворити на Европскиот Клупски Куп

Оваа година на Европскиот Клупски Куп во Струга пријавени се вкупно 28 машки екипи/Фото: chessclubalkaloid.org

Продолжува најсилното екипно шаховско натпреварување, годинава од 17 до 24 септември се одржува Европскиот Клупски Куп во Струга, Македонија, кај мажите пријавени се вкупно 38 екипи.

Помеѓу учесниците е и шаховскиот клуб Алкалоид кој во 2016 година го освои ова натпреварување и се закити со титулата европски шампион. Во 2017 година продолжи со успешните настапи, во турската Анталија натпреварувачите на ШК Алкалоид го освоија второто место.

Оваа година во составот на тимот се велемајсторот Шахријар Мамадјаров од Азербејџан, моментно шесторангиран на Светската рејтинг листа, потоа велемајсторот Јуриј Криворучко од Украина кој има висок резултат (74%) или 25 освоени поени за овој клуб.

Тука е и шампионот на САД од 2018 година, велемајсторот Сем Шенкленд кој со американската репрезентација дојде до златен олимписки медал.

Повторно е во екипата е и европскиот шампион во поединечна конкуренција од 2016 година, Русинот Ернесто Инаркиев.

За првпат во тимот се рускиот велемајстор Данил Дубов кој има светска шампионска титула во забрзан шах во 2018 година, доаѓајќи до трофејот пред елитниот Магнус Карлсен, светскиот првак од Норвешка, како и Русинот Александр Предке.

Во редовите на ШК Алкалоид се и стандардните македонски репрезентативци и повеќекратни државни шампиони, интернационалниот мајстор Филип Панчевски и велемајсторот Трајко Недев. Капитен на тимот е велемајсторот Драгољув Јаќимовиќ.

За првпат оваа година ШК Алкалоид ќе настапи и на Европскиот Клупски Куп за жени со своја екипа. Пријавени се осум екипи, а за македонскиот претставник ќе настапат интернационалните мајстори Полина Шувалова од Русија, најдобра светска јуниорка до 20 години, тука се и Екатерина Аталик од Турција и Ирина Булмага од Русија, како и долгогодишните државни репрезентативки, ФМ Моника Стојковска и ИМ Габриела Коскоска.

Видео на денот