Шахин: До крајот на месецот ќе биде потпишан Мировниот договор помеѓу талибанците и САД

Потпарол на талибанците Сухаел Шахин/ Фото: Архива на Слободен печат

Претставниците на САД и на талибанците повеќе 1,5 година се обидуваат да најдат политичко решение за војната во Авганистан.

Портпаролот на авганистанските талибанци Сухаил Шахин денеска изјави дека до крајот на месецот ќе биде потпишан мировниот договор помеѓу талибанците и САД.

Претставниците на САД и на талибанците повеќе 1,5 година се обидуваат да најдат политичко решение за војната во Авганистан.

– Сите странски војници според договорот треба да го напуштат Авганистан. На никого нема да му дозволиме да ја користи авганистанската земја против друга држава, истакна Шахин.

Тој наведе и дека по потпишувањето на договорот ќе бидат ослободени околу 5.000 талибанци.

Тврдењата на Шахин не се потврдени од страна на САД.

Шахин посочи дека се очекува талибанците да објават седумдневно „намалување на насилството”, што го побараа САД пред да биде потпишан каков било договор. Но, тој  не прецизира кога ќе почне седумдневното примирје.

Американскиот секретар за одбрана Марк Еспер во саботата истакна дека ќе се намали бројот на американски војници стационирани во Авганистан на 8.600 ако се исполнат одредени услови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот