1 C
Скопје

Шабани за „Слободен печат“: Ако не инсистираат Кинезите, не мора да ја регистрираме кинеската вакцина

Како ќе се одвива процедурата за набавка на вакцината од Кина и дали за истата ќе биде неопходна регистрација во Агенцијата за лекови, го прашавме првиот човек на Малмед, Лирим Шабани.

– Околу регистрација на вакцините се крева непотребна прашина и тоа пред се поради неинформираност. Законот предвидува во кризни ситуации и болести да се овозможи увоз без регистрација. Со „Фајзер“ ситуацијата беше поразлична. Моравме да ја регистрираме вакцината, но на нивно барање, за да можеме да потпишеме договор. Измените на Законот за лекови се уште не се донесени во Собранието, што нас значително ни ја отежнува работата. Од друга страна, за увозот на вакцини од „Фајзер“ од Србија не ни треба регистрација, меѓутоа ни доцнат документите. Треба да се потпише договор помеѓу двете држвави, треба сертификатите од Србија да се достават до кај нас, а ние додека чекаме губиме драгоцено време.

МЗ: Предност е што кинеската вакцина се чува на температура од 2 до 8 целзиусови степени

Во моментов разгледуваме трета опција. Ние како држава ќе бидеме отворени кон сите. Размислуваме и за „Астра Зенека“ од Англија и за кинеската вакцина. Во контакт сме со Кинезите, откако ќе ги знаеме нивните барања ќе знаеме како ќе се овива увозот на вакцината. Ако не инсистираат на регистрација на вакцината, може да ја обезбедиме со интервентен увоз, ќе најдеме начин, уверува Шабани.

Прочитајте и...  Карванот „Учи паметно, работи стручно" продолжи со консултативна средба во Гостивар

Поврзани вести

Шокантно сведоштво: Косовската полиција трага по доктор осуден на 6,6 години затвор за сексуално злоставување на 15-годишното девојче

Илинка Иљоска

ВОЗНЕМИРУВАЧКА СОДРЖИНА I Ловџика на трофеи ја згрози јавноста: На денот на заљубените позираше со убиена жирафа

И.И.

Професорката Беса Арифи: Важен ден, бидејќи моќен човек како Мијалков заврши со сериозна затворска казна

Слободен печат

Летните тераси повеќе нема да го окупираат јавниот простор

Слободен печат

Дијаспората на БиХ во САД не го сака Германецот Кристијан Шмид за нов Висок претставник во нивната земја

Слободен печат

Русија почна со производство на „Спутник V“ во спреј

Слободен печат

Остави Коментар