Сезоната во НБА нема да се доигра
Еден од најдобрите кошаркари на сите времиња, Чарлс Баркли, не е преголем оптимист за завршницата во најсилната кошаркарска лига.
Чарлс Баркли е еден од најдобри кошаркари во историјата на НБА лигата кој дури ги натера челниците на промена на правилата за да ја запрат неговата доминација. Станува збор за правилото со кое на играчот му се забранува пет или повеќе секунди да биде свртен со грбот кон кошот.
Сега Баркли работи како стручен аналитичар на ТНТ телевизијата, смета дека нема да се доигра актуелната сезона во НБА лигата.
– Мислам дека НБА нема да се продолжи. Нормално дека тоа сите не боли бидејќи знам дека многу луѓе ќе останат без работа, а проблемите само ќе се зголемуваат. Тоа што се случува на Флорида која е една од најзагрозените места на светот со коронавирусот, а вие сакате да ставите таму 22 НБА екипи. Едноставно, не гледам како може да се случи тоа во наредните три месеци, невозможно е – смета Баркли.
НБА сезоната е прекината на 11. март откако беше откриено дека центарот на Јута џез, Руди Гобер е позитивен на коронавирус, а прдолжението на сезоната е закажано за 31 јули во Дизниленд во Орландо.