Сезоната во НБА лигата ќе заврши во октомври!?

EPA-EFE/LARRY W. SMITH

Комесарот на НБА лигата, Адам Силвер овој предлог утре ќе го стави на разгледување и за кој ќе разговара Одборот на директори.

Оваа сезона (2019/20) во најсилната кошаркарска лига на светот (НБА) би можела да продолжи на 31 јули во Орландо, пренесува „ЕСПН“.

Според информациите, натпреварувањето ќе продолжи во формат од 22 екипи, а истото треба да заврши најдоцна до 12 октомври кога ќе се одигра последниот натпревар од финалната серија.

Комесарот на НБА лигата, Адам Силвер овој предлог утре ќе го стави на разгледување и за кој ќе разговара Одборот на директори.

„ЕСПН“ исто така наведува дека целта е да се игра и плеј-оф со 16 екипи кои во моментов се на позициите кои водат во елиминациските борби, со уште шест екипи кои најмалку заостануваат зад осморангираните екипи во конференциите, а тие би биле Њу Орлеанс, Портланд, Сан Антонио, Сакраменто, Феникс и Вашингтон.

До прекинот на сезоната поради пандемијата на коронавирус, водечки во Западната конференција беше Лос Анџелес Лејкерс со учинок од 49 победи и 14 порази, а на Истокот доминираше Милвоки Бакс (53-12).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот