Севиља го отпушти Сампаоли и доведе негова замена

Фото: EPA-EFE/SEDAT SUNA

Раководството на Севиља го отпушти аргентинскиот стратег, Хорхе Сампаоли после низата лоши резултати во Примера.

Сампаоли го презема клубот во откомври минатата година, а доби отказ по само шест месеци. Севиља беше поразена на четири од последните седум лигашки натпревари, вклучувајќи го и поразот од Атлетико Мадридсо 6:1 и во овој момент има само два бода повеќе од зоната за испаѓање.

„После поразот од Гетафе, клубот одлучи да се раздели со аргентинскиот тренер пред репрезентативната пауза. Сампаоли повеќе нема да ја води екипата“, стои во соопштението во кое се потврдува неговиот отказ.

За нов тренер е назначен Хозе Луис Мендилибар кој потпиша договор до крајот на сезоната. Покрај натпреварите во Ла Лига, Севиља ја чека и двомеч со Манчестер Јунајтед во четвртфиналето во Лигата на Европа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот