Севиља по шести пат триумфира во Лигата на Европа (ВИДЕО)

epa08617406 Players of Sevilla lift the trophy after winning the UEFA Europa League final match between Sevilla FC and Inter Milan in Cologne, Germany 21 August 2020. EPA-EFE/Ina Fassbender / POOL

Фудбалерите на Севиља уште еднаш покажаа дека се мајстори за освојување на пехарот во Лигата на Европа. Шпанскиот тим во финалето на второто по квалитет европско натпреварување со 3:2 го совладаа Интер и по шести пат го кренаа шампионскиот пехар.

Натпреварот започна со гол уште на самиот почеток откако Ромелу Лукаку во петтата минута го реализираше пеналот. Севиља возврати со два гола на Лук Де јонг, а до крајот на полувремето Диего Годин со голот во 36. минута ја врати резултатската неизвесност.

Во второто полувреме на средбата, победничкиот гол го постигна Диего Карлос и тоа со одличен шут со „ножички”, а притоа му помогна Лукаку кој малку ја зафати топка на нејзиниот пат кон голот на Интер.

Диего Карлос/EPA-EFE/Friedemann Vogel

За Севиља ова беше шесто финале во Лигата на Европа (вклучувајќи го и претходникот на Купот на УЕФА) и ги има освоено сите

Невообичаено долгата сезона во фудбалска Европа поради пандемијата на коронавирусот ќе биде затворена во недела кога во финалето на ЛШ ќе играат Баерн Минхен и ПСЖ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот