Севернокорејските хакери преку сајбер напади заработиле две милијарди долари за неколку години

Фото: ЕПА

Американската компанија Гугл соопшти дека верува дека хакери кои се поддржани од севернокорејската влада, се претставувале како блогери за компјутерска безбедност и користеле лажни налози на социјалните мрежи, додека се обидувале да украдат информации од истражувачи на теренот.

Гугл не прецизираше колку хакерите биле успешни ниту кои информации би можеле да бидат загрозени, пренесе Ројтерс.

Иако Северна Кореја негираше дека е вмешана, таа држава ја поврзуваат со големи сајбер напади, вклучувајќи ја и кампањата од 2013 година која ги парализираше финансиските институции, хакирање на компанијата Сони Пикчрс од 2014 година и нападот на мејловите од ВонаКрај рансомверот од 2017 година.

Советот за безбедност на Обединетите нации во 2019 година процени дека Северна Кореја во текот на неколку години заработи дури две милијарди долари со незаконски сајбер операции насочени кон размена на крипто валути и други финансиски трансакции, создавајќи приход на кој тешко може да му се влезе во трага и надоместувајќи го капиталот изгубен поради санкциите.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот