Севернокорејски бегалец тврди дека Ким Џонг-ун е починат, власта ќе ја преземе неговата сестра

Ји Сонг Хо, кој побегнал од Северна Кореја и станал пратеник во јужнокорејскиот Парламент, тврди дека 99 отсто севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун е мртов, а власта ќе ја преземе неговата сестра.

Ји нагласи дека е информиран оти Ким починал пред една недела и Пјонгјанг веста би можел да ја објави во текот на овој викенд.

Според него, можно е истовремено да биде соопштено дека за наследник на Ким ќе биде избрана неговата сестра Ким Јо Џонг.

Тој прецизираше дека е известен оти Ким починал минатиот викенд по извршената операција на срцето, пишува лондонскиот весник „Мирор”.

Ји додаде дека Северна Кореја не соопштила веднаш за смртта на својот лидер и не прогласила период на жалост, бидејќи се соочува со комплицирано прашање на сукцесија.

Ким не се појавил во јавност од 11 април, кога претседаваше со состанокот на Политбирото на владејачката работничка партија.

Шпекулациите за неговото здравје и за тоа каде се наоѓа се зголемени откако не присуствуваше на прославата по повод роденденот на Ким Ил-сунг на 15 април, кој е најважен национален празник.

Светските медиуми оттогаш пишуваат дека здравствената состојба на Ким Џонг-ун е нарушена, а повеќето шпекулираат и дека не е жив.

Во медиумите се шират информации дека врз него е извршена операција на срцето, по која тој се наоѓа во „вегетативна состојба”, но тие информации не се официјално потврдени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот