Северниот сосед ја откажа сезоната во Суперлигата , Србија без шампион

На седницата на претседателството на Здружението на кошаркарската лига на Србија, а со присуство и учество на претставници на клубовите кои избориле пласман во Супер лигата на Србија, мнозинството од присутните со поголем број на гласови (еден глас против) донесе одлука да се откаже Супер Лигата, и во оваа сезона да не биде прогласен првак на Србија.

При носењето на ова одлука, претседателството првенствено ги имало предвид здравствените причини и опасност од зараза на играчите и сите учесници на Супер Лигата додека пандемијата сè уште трае и додека коронавирусот сè уште е присутен во средината.

Покрај оваа основна причина, како важни аргументи за одлуката биле земени предвид и предолгата пауза и неподготвеноста на играчите, што би претставувало голема опасност од сериозни повреди како и фактот дека натпреварите би се играле без присуство на публика, или со доста ограничен број на гледачи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот