Северни ветришта ќе донесат цврст утрински мраз

Студена водушна маса која се спушта од север во деновите на викендот ќе донесе постудено и променливо облачно време со сончеви периоди.

На повисоките места се очекуваат нови, иако послаби, врнежи од снег, а можно е и во некои пониски предели да провее лапавица, прогнозираат синоптичарите.

Од вечерва и утре, особено долж Повардарието, ќе дува умерен до засилен ветер од северен и од северозападен правец.

Наутро температурите насекаде ќе се спуштат под нулата, особено за време на викендот и во првите денови од следната недела. Минималните ќе се движат од -9 до -2 степени, на планините и под -10. Студено ќе биде и во текот на денот, а максималната температура во целата држава нема да надмине девет степени, велат од УХМР.

АМСМ вечерва соопшти дека слаби врнежи од снег има во Крива Паланка, Крушево, Павлешенци и Берово, но и дека сообраќајот насекаде се одвива непречено, по влажни коловози.

На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот