Северна Македонија: забрзани реформи, забрзана европска интеграција!

Со договорот од Преспа Скопје и Атина го прекинаа 30 годишниот конфликт. Прашањата како прогресот постигнат од страна на Скопје е поврзан со економскиот развој, перспективите и предизвиците и кои структурни реформи се потебни за ЕУ аспирациите на земјата, се темите за кои ќе се расправа на 5 јуни во Брисел во организација на Центарот за европски политики.

На 5 јуни во Брисел Премиерот Зоран Заев, Еврокомесарот Јоханес Хан и потпретседателот на ЕБРД ПЈер Хилброн ќе разговараат за улогата на Република Северна Македонија во Западен Балкан и за стратешките приоритети за прием во ЕУ.

Средбата ја организира Центарот за европска политика а како теми ќе бидат владеење на правото, борбата со корупцијата, независноста на СЈО и реформите во јавната администрација,како и улогата на јавните набавки во создавање сигурна бизнис атмосфера.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот