Северна Македонија се враќа на европската боречка мапа сцена

Освојувачот на бронзениот медал од штотутку завршеното европско првенство во борење, Владимир Егоров беше на прием кај директорот на Агенцијата за млади и спорт.
Егоров на Македонија и го донесе првиот медал по пауза од 12 години, откако последен со медал, и тоа бронзен, се закити, Мурат Рамазанов во 2007 година на ЕП во Софија, Бугарија.

– Агенцијата за млади и спорт е горда на нашите борачи кои настапија на Европското првенство во борење во Букурешт Романија. По пауза од една деценија, Северна Македонија повторно се враќа на европската боречка сцена како еден од фаворитите за освојување медали. Очекувам во наредните години Егоров, Елмедин Сејфулау и Могамедгаѓи Нуров да бидат столбот на македонското борење и да ни носат уште подобри резултати, а ние како Агенција сме секогаш тука дадеме поддршка за уште поголем успех на нашата држава, изјави Каевски.

Со освоениот медал на ЕП Букурешт, Владимир Егоров стана стипендист од светска категорија, односно, во наредните четири години ќе добива месечен износ од две просечни нето плати.
Исто така со стипендија, од меѓународна категорија, се стекна и репрезентативецот Могамедгаѓи Нуров кој ќе добива 1,3 нето месечни плати наредните две години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот