Северна Македонија обезбеди прибежиште за уште 14 авганистански граѓани

Нова група на авганистански цивили пристигна во Скопје/ Фото: Youtube Влада на Република Северна Македонија

На Меѓународниот аеродром Скопје попладнето пристигнаа 14 граѓани на Авганистан, вработени во Обединетите Нации и членови на нивните семејства.

Како што појасни владината прес-служба, станува збор за продемократско население кое е во опасност од талибанските власти, а за кои Северна Македонија им обезбеди привремен престој до заминување во трета држава. Со ова земјава ја продолжува активната улога во меѓународната операција за помош на граѓаните на Авганистан.

– По слетувањето беше спроведена стандардната процедура со безбедносна проверка и заштита и ПЦР тест. Овие цивили ќе бидат привремено сместени во Скопје, а трошоците во целост се покриени од Обединетите Нации, се наведува во соопштението.

Во земјава во моментов престојуваат 568 граѓани на Авганистан за кои институциите се ангажирани со сета поддршка и помош. Од Северна Македонија до сега заминаа 85 граѓани на кои траен престој им обезбедија Франција, Грција, Ирска, Португалија, Бразил и САД.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот