Северна Македонија и официјално стана член на НАТО, пишуваат грчките медиуми

Грчката новинска агенција АНА-МПА на крајот од текстот потсетува дека завчера „земјите членки на ЕУ се согласија за почеток на пристапни преговори со Северна Македонија и Албанија, процес што се очекува да трае повеќе години, додека да се заврши”.

„Северна Македонија и официјално стана член на НАТО”, е насловот, но и коментарот што преовладува во онлајн изданијата на грчките медиуми во однос на нашето членство во северно – атлантската алијанса.

Под насловите „Северна Македонија и официјално 30-ти член на НАТО”; „Скопје и официјално член на НАТО”; „МНР: Ѝ честитаме на Северна Македонија за членството во НАТО како 30-ти член на Алијансата”; „Официјално: Северна Македонија стана 30-от член на НАТО”, медиумите во Грција, односно нивните електронски изданија во главно ја преземаат веста објавена од грчката новинска агенција АНА-МПА, а ги пренесуваат и ставовите и честитките изразени преку „Твитер”, како на Генералниот секретар на НАТО, така и на амбасадорката на САД во Скопје, но и од македонското МНР и грчкото МНР, како и соопштението од американскиот државен секретар, јави дописничката на МИА од Атина.

-Северна Македонија и официјално е 30-та членка на НАТО, а членството го поздравија Генералниот секретар на Алијансата и државниот секретар на САД, пишува АНА-МПА.

Прочитајте и...  Кофинансирани грантови за технолошки развој за надминување на последиците од КОВИД-19

-Северна Македонија е 30-та држава што станува член на северно –атлантската алијанса. Околу членството на соседната земја, постираше амнасадорката на САД во Скопје, Кејт Бернс, а Министерот за надворешни работи Никола Димитров, го карактеризираше историски за неговата земја конкретниот момент, пишува онлајн изданието на грчкиот весник „Прото тема” и ги пренесува Твитовите на Бернс и Димитров.

Грчката новинска агенција АНА-МПА на крајот од текстот потсетува дека завчера „земјите членки на ЕУ се согласија за почеток на пристапни преговори со Северна Македонија и Албанија, процес што се очекува да трае повеќе години, додека да се заврши”.

Грчките медиуми, паралелно го пренесуваат и ставот на Министерството за надворешни работи на Грција изразено преко „Твитер” профилот, односно честитката упатена до Северна Македонија за членството во НАТО.

Прочитајте и...  Денеска ќе се одлучува за отворањето на угостителските објекти и градинките

-Ѝ честитаме на Република Северна Македонија за нејзиното членство во НАТО како 30-ти член на Алијансата. Добредојде за нашите соседи во НАТО семејството и очекуваме конструктивна соработка во рамките на Алијансата, напишаа од грчкото МНР на „Твитер”, како што веќе објави МИА.

Портпаролот на СИРИЗА, Алексис Харицис и одговорната за меѓународни и европски прашања во политичкиот секретаријат на партијата Рања Свигу, преку социјалните мрежи ја коментираа честитката на „Твитер” од грчкото МНР

до нашата земја, потсетувајќи на позициите на Нова демократија додека беше опозиција, јави дописничката на МИА од Атина.

Харицис, преку неговиот официјален „Твитер” профил напиша „подобро касно отколку никогаш”.

-Ѝ посакуваме добредојде на владата на Нова демократија на фронтот на логиката и патриотскиот интерес одреден со Договорот од Преспа. Позитивно е, па макар и сега, што признава дека ја измами цела Грција кога поттикнуваше омраза и национална поделба за внатрешно – партиски интерес, напиша Харицис.

Прочитајте и...  Мета: Од денеска ќе видите друг, многу официјален претседател

Свигу, преку нејзиниот официјален „Твитер” профил го коментираше ставот на Нова демократија во 2019 кога грчкиот Парламент го ратификуваше протоколот за наше членство во НАТО, и ставот на Нова демократија сега.

-Дефиниција за салто: Февруари 2019: Господинот Мицотакис гласа против протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО. Март 2020: Господинот Мицотакис ѝ честита на Северна Македонија за членство во НАТО, напиша Свигу и паралелно објави фотографии, од вчерашниот твит на грчкото МНР, но и од ставот на Мицотакис од 2019, исто така изразен преку „Твитер”.

Според она што го објави одговорната за меѓународни и европски прашања во политичкиот секретаријат на партијата, Кирјакос Мицотакис, на 8 февруари 2019 година, тогаш како лидер на опозицијата напишал дека тие гласаат против протоколот, „бидејќи е последен чин на еден национално штетен договор”.

Прочитај повеќе

Вамен: Најголем пад на економијата во Данска од Втората светска војна

Слободен печат

Ирските пабови пред банкрот

Слободен печат

Трамп најави повлекување на американските војници од Авганистан

Слободен печат

Историски план на Макрон: Осум милијарди евра помош за производителите на автомобили

Слободен печат

Укинат полицискиот час, бројот на заразени од Ковид-19 надмина две илјади

Слободен печат

Владата треба да направи проценка дали е потребна нова вонредна состојба, исход за датум за избори

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Облачно време со дожд и ветер, температура до 22 степени

Слободен печат

Виц на денот – Лозинка

Слободен печат

Курсна листа на НБРМ: Колку чини еврото денеска?

Слободен печат

Димитров ќе земе учество на конференција на Советот на Јадранско–јонската иницијатива

Слободен печат

„Излегувај надвор“- Жена без маска грубо избркана од маркет од купувачите (ВИДЕО)

Слободен печат

Венецуела со авиони ловци ги штити петте иранските танкери

Слободен печат