Северна Македонија, добре дојде во семејството на НАТО!

Северна Македонија стана полноправна членка на НАТО, триесеттата членка на нашата Алијанса. Од понеделник знамето на Северна Македонија гордо ќе се вее заедно со знамињата на другите дваесет и девет членки. Ова е момент за прославување, момент кој со нетрпение сите го очекуваме со години наназад. Патот кон членството беше долг и полн со предизвици, но со храброст и одлучност успеавте.

Ова се одлични вести во овие тешки времиња кога целиот свет се соочува со борбата против пандемијата предизвикана од COVID-19. Секоја земја превзема досега незапаметени мерки за да го спречи ширењето на вирусот и да го ограничи ударот на нашите економии. Овој предизвик е преголем за која било држава засебно. Сега е поважно од кога било претходно нашите држави да застанат заедно, да работат заедно и да си дадат взаемна поддршка. Посилни сме заедно.

НАТО сојузниците сега се поддржуваат меѓусебно. Армијата на Соединетите Американски Држави достави неопходни медицински средства во Италија. Германија и Луксембург згрижија пациенти кои имаат потреба од интензивна нега од Италија и Франција. Сојузничките транспортни авиони доставија преку 200 тони заштитни маски и друга неопходна и повеќе од потребна заштитна и медицинска опрема од Кина и Јужна Кореја до Словачка, Република Чешка и Романија.

Прочитајте и...  Преживеан во падот на пакистанскиот авион: Сите викаа и плачеа, сите почнаа да се молат (ВИДЕО)

Во сите земји членки на НАТО, нашите воени лица имаа пресудна улога во националните напори вклучувајќи планирање и логистика, полски болници, транспорт на пациенти и дезинфекција на јавни места. НАТО веќе долго време работи на зајакнувањето на отпорноста на сојузниците вклучувајќи ги здравствените услуги. Северна Македонија неодамна ја усвои Последната генерација на командниот систем за справување со инциденти на НАТО и го користи за координирање на сите свои активности во борбата со корона вирусот на национално ниво. Всушност, во последните неколку години НАТО обучи повеќе од 500 лица за брза реакција во Северна Македонија со цел да се подобри нивната способност при поголеми инциденти како што е овој.

Но, додека нашето внимание во моментот е вперено кон глобалната пандемија предизвикана од коронавирусот, другите предизвици сѐ уште не се завршени. Напротив, истите се зголемени со тековната криза. Дезинформациите за коронавирусот се широко распространети. Често се и дел од долгорочна шема на агресивно однесување кое вклучува кибер напади и обиди да се намали легитимноста на демократските институции.

Прочитајте и...  Филипче: Иван е добро, следува најважниот период од неговото закрепнување

НАТО е тука за да им помогне на сојузниците. Во ноември, минатата година, новиот тим за поддршка при справување со хибридни напади на НАТО на барање на цргоногрските власти отиде во Црна Гора да помогне. Овој тим, кој остана во Подгорица една недела, беше конкретно формиран за да помогне на нашиот сојузник во борбата со широкиот спектар на таканаречени хибридни напади, со комбинација на отворени и прикриени операции, воени и невоени средства на агресија. Ваква практична поддршка НАТО и сојузниците обезбедуваат секој ден еден за друг.

Безбедноста која ја дава членството во НАТО е непроценлива. Оваа безбедност е основата на транслатланската стабилност и просперитет повеќе од седумдесет години. Членот 5 од нашиот Северноатлански Договор вели дека напад на една членка е напад на сите. Отсега па натаму, Северна Македонија секогаш ќе ја има целосната поддршка на дваесет и деветте сојузници.

Членството во НАТО е добро за Северна Македонија и е исто така добро за НАТО. Вашите вооружени сили активно придонесуваат во меѓународниот мир и безбедност. Вашите војници служат во Авганистан и даваат безрезервна поддршка на нашата мировна мисија во Косово.

Прочитајте и...  „Кориере дела Сера“ за коронавирусот: Победија посиромашните европски земји

Северна Македонија веќе ги ужива придобивките од евроатланската интеграција и јас ја поздравувам одлуката на Европската Унија да ги покани Северна Македонија и Албанија да отпочнат со преговорите за членство. Странските инвестиции во Северна Македонија драстично се зголемија по добивањето на поканата за членство во НАТО. Ова е затоа што вашата влада го следи патот на реформите во градење на посветла иднина за Северна Македонија. Неопходно е да се продолжи на тој пат за да се обезбеди иден просперитет за сите.

Северна Македонија е сега дел од семејството на НАТО, семејство составено од 30 земји и скоро една милијарда луѓе. Семејство засновано на убедувањето дека без разлика на тоа со какви предивици се соочуваме, сите ние сме појаки и побезбедни заедно.

Северна Македонија, добре дојде во семејството на НАТО!

Јенс Столтенберг,

Генерален секретар на НАТО

(Од македонските медиуми во Северна Македонија, весникот Слободен печат има ексклузивно право да го објави овој напис)

Прочитај повеќе

Кој е посилен од државата?

Развојот на вакцина од Универзитетот Оксфорд со половични изгледи за успех

Слободен печат

Преживеан во падот на пакистанскиот авион: Сите викаа и плачеа, сите почнаа да се молат (ВИДЕО)

Слободен печат

„Кориере дела Сера“ за коронавирусот: Победија посиромашните европски земји

Слободен печат

Ни карантин ни тестирање: Како Јапонија го победува коронавирусот на никој не му е јасно

Слободен печат

Филипче: Иван е добро, следува најважниот период од неговото закрепнување

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Спасов: Да ја негуваме традицијата на Кирил и Методиј, да се грижиме повеќе за македонскиот јазик

Слободен печат

Насловната страница на Њујорк Тајмс со имињата на 1.000 лица починати од коронавирус

Слободен печат

Саботажа на мерките како параван за политички поени

Ненад Јовановиќ

Изборен спор

Петар Богојески

Ковид-19 го опфати и Фитр (Рамазан) Бајрам – баклавата и слатките со најтесниот круг на семејството

МИА Агенција

Вториот бран на коронавирус во Европа е неизбежен: Кога можеме да го очекуваме?

Слободен печат